Реал Мадрид 16-ти пат ќе игра во финалето на фудбалската ЛШ (порано Куп на шампионите). Шпанскиот тим од 15-те досегашни финалиња има 12 титули и само три пораза во мечот за трофејот. Реал нема пораз во финале од 1981 година, кога во Париз загуби од Ливерпул со 0-1. Претходните порази во финале се во 1962 (од Бенфика) и во 1964 година (од Интер). Од 1981 година Реал настапи во шест финалиња и сите ги доби.