Пред неколку дена во Грција пристигнале првите количества американски течен гас, кој е доставен во новоотворениот резервоар на ЛНГ-терминал во Ревитуса (единствениот грчки ЛНГ-терминал, изграден во 1999 година во заливот Мегара, западно од Атина), соопшти претпријатието што е оператор на грчкиот национален гасовод во состав на ДЕСФ.

Првите количества на американскиот гас пристигнаа на 30 декември 2018 година, кои беа транспортирани со неодамна изградениот танкер за превоз на течен гас „Мариа енерџи“, во сопственост на грчката компанија „Тсакос“. Првото количество гас изнесува 168 илјади кубни метри, а е купено врз основа на спогодбата на грчката гасна компанија ДЕПА и американската фирма „Шениер“, се наведува во соопштението.

– Ова е прва испорака на американски ЛНГ што е увезен во Грција и е доставен од новиот терминал „Шениер“ во градот Корпус Кристи, во државата Тексас, во терминалот на ДЕСФ во Ревитуса, во резервоар со зафатнина од 95 илјади кубни метри гас, кој е неодамна затворен од страна на министерот за заштита на околината и енергетика – информираа од грчката компанија Ревитуса го отвора патот за нови перспективи за достава на гас и диверзификацијата и сигурна испорака во Југоисточна Европа, што ја прави Грција главен доставувач на гас во регионот, посочија од компанијата ДЕСФ.

Грчкиот премиер Алексис Ципрас во септември 2017 година за време на посетата на Соединетите Американски Држави и преговорите со американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Грција има намера да купува американски гас.

Соопштение за првата испорака на американски гас се појави на 13 декември 2018 година и се поклопува со почетокот на стратегискиот дијалог меѓу САД и Грција. Меѓутоа, поединечни извори од владините кругови во Атина сметаат дека е потребно да се проучи, колку е корисно во иднина да се добива гас од САД, затоа што течниот гас е поскап од оној што се доставува по пат на гасовод.
Од оваа вест е видливо дека и Грција има аспирации да стане регионален лидер за дистрибуција на течен гас. Со оглед на тоа што оваа земја веќе има изградено ЛНГ-терминал, како и од потенцијалните купувачи на течен гас (Македонија, Албанија, Бугарија…), дополнително се намалува и нивната можна заинтересираност за гас од ЛНГ-терминалот на островот на Крк, бидејќи неговата дистрибуција во земјите од Средна Европа, по неформалното одбивање за купувањето на гасот, е многу лимитирана. Негативен аспект е и постоењето на ЛНГ-терминал во Омиш, како и близината на веќе разработените терминали за гас во Италија.
Изборот на вистинскиот момент за САД е еден од клучните елементи за нивниот успех. Моменталните геополитички околности и силниот американски притисок за Брисел, во смисла за потребно намалување на европската енергетска зависност од Русија, резултира со реанимација на плановите. Што се однесува на Западот, се чини дека ова е повеќе од задоволување на апетитите на САД односно на американскиот претседател Трамп, отколку вистинска желба на ЕУ. Во ЕУ не искажуваат претерани напори за откажување од изградба на политички „неподобниот“ гасовод Северен тек 2, со кој Германија и одредени околни земји дополнително би се снабдувале со „злогласниот“ но евтин и сигурен руски гас. За тоа сведочат и изјавите во пролетното интервју на Гинтер Отингер, повереник за буџетот на ЕУ, дадено за германскиот медиум „Шпигел“. Во него тој вели дека гасоводот Северен тек 2 веќе одамна се гради и не може толку лесно да се прекине. Ни заканите на Трамп не можат да бидат основа за такво нешто. Тој, исто така, додаде дека ЕУ од Русија бара гаранција за продолжување на транзитот на гас во Европа и преку веќе постојниот украински гасоводен систем.
– Важно е „Газпром“ да склучи чесен договор за натамошно користење на постојната мрежа низ Украина – рече Гинтер Отингер.

Во случајот со Грција, произлегува дека геополитиката и сојузништвото со САД се сами по себе цел. Секоја земја, во случајот со Грција, од нив примарно ги извлекува за себе корисните дивиденди и остварување на националните интереси во голема мера. Во овој случај, бизнисот и креирањето на геополитиката се во иста насока, а САД ѝ овозможуваат на Грција да биде клучен субјект во креирањето на меѓународната (во овој случај регионална) политика. Штом регионалниот фактор е број еден, интересите на сите други земји би биле ставени на маргините или би биле игнорирани.