Речиси целиот тим на Реал Мадрид може да се искачи едно скалило погоре на листата на фудбалери повеќекратни европски прваци, ако слават во финалето на ЛШ сезонава. По три титули досега освоија Начо, Каземиро, Рафаел Варан, Дани Карвахал, Иско, Лука Модирќ, Карим Бензема, Марсело, Герет Бејл, Серхио Рамос и Тони Крос. Кристијано Роналдо, пак, може да стане десеттиот фудбалер со пет титули. Рекордер е Франциско Генто од Реал, со шест трофеи.