Најдобриот фудбалер на светот, Кристијано Роналдо, наскоро ќе се најде во улога на суперхерој во анимиран филм, кој самиот ќе го продуцира. Португалецот ќе биде главна ѕвезда во цртаниот филм „Страјкер форс 7“, кој исто така ќе има своја стрип-верзија и видеоигра.
– Верувам дека анимираните ликови и суперхероите од цртаниот филм ќе ги поврзат луѓето низ светот исто како што ги поврзува фудбалот и затоа сум возбуден што можам да го најавам овој проект, во кој ќе ги соединам двете мои страсти – изјавил Роналдо за португалските медиуми.