Ловот е робот од кој луѓето не треба да се плашат. Направен е за да го следи својот сопственик, да ги разликува гримасите на неговото лице и да го прегрнува.
Го креираше јапонската компанија „Грув икс“ (GrooveX), а неговото име е комбинација на два збора – лов и робот. Целта му е да го усреќи својот газда.

Од фирмата велат дека станува збор за корисен робот, кој извршува задачи. Тој моли за внимание со своите големи очи и често им се поставува на патот на оние со кои живее. Неговата цена е 3.100 американски долари, а засега е достапен само во Јапонија.

Висок е само 40 сантиметри, има опавче и стомаче за галење. Во очите има 16 графички слоја, а може и да трепка. Некогаш го „лови“ својот сопственик кога сака прегратка. Не зборува и не разбира команди, но произведува слатки звуци, кога бара внимание.

Ги одбегнува лицата што не ги познава и бега од нив. Може да запамети 1.000 луѓе и да разликува 100 физиономии.

Доколку имате повеќе вакви ловороботи, тие комуницираат меѓу себе и креираат друштво.
Инаку, Ловот се користи без безжичен Интернет.