Селекторот на женската репрезентација на Македонија, Симе Симовски, го објави списокот со 17 ракометарки (13 интернационалки), на кои ќе смета за пријателските мечеви со Италија во рамките на неделата на ЕХФ, на 27 и за 28 септември во салата „Автокоманда“. Првиот собир е в понеделник. Овој собир е прва фаза од подготовките за квалификациите за пласман во баражот за Светското првенство во 2019 година. Македонија од 30 ноември до 2 декември ќе биде домаќин на селекциите од групата 4, во која се Азербејџан, Турција и Исланд.

Состав: ГОЛМАНКИ: Матеја Серафимова (Славија Прага), Драгана Петковска (Сондерјиске). КРИЛА: Јована Саздовска (Турингер), Марија Тасевска (Металург), Сара Ристовска (Крим), Марија Гајиќ (Металург) БЕКОВИ: Теодора Керамичиева (Шамбри), Леоница Гичевска (Металург), Марија Штериова (Баја Маре), Дајана Јовановска (Копавогс), Душица Ѓорѓиевска (Ардесен), Елена Ливриниќ (Галаци), Александра Боризовска (Куманово), Моника Јанеска (Мудања Беледијеси), Елена Ѓорѓиевска (Крајова). ПИВОТИ: Ивана Гакидова (Стела Сен Мур), Марија Николиќ (ПАОК).