Нирмал Пурџа од Непал се искачи на врвот Шишапангма, висок 8.027 метри, кој беше последен врв од 14-те со височина од над 8.000 метри и со тоа го собори претходниот рекорд за брзо искачување на 14-те највисоки врвови во светот. Тој ја заврши мисијата за 189 дена. Претходниот рекорд за искачување на 14-те врва беше седум години, 10 месеци и шест дена, а го постави јужнокорејскиот алпинист Ким Чанг-хо во 2013 година. Досега само 40 алпинисти успеале да ги комплетираат сите 14 врва.