Реконструкција на умот

Многубројни се прашањата што ги наметнува практиката на постојаното одржување на Владата, или барем на еден нејзин дел, во некаква состојба на в.д., а на кои секој би можел да одговори соодветно на својата политичка позиција, па и, генерално, на позицијата во општеството. Но за никого повеќе не би требало да биде прифатлив одговорот, оти тие што ќе дојдат ќе ги поправат грешките на нивните претходници. Не постојат такви личности или политички групации што би можеле да ги поправат грешките и да ги надоместат пропустите на своите претходници. Во најдобар случај, можат само да се обидат да ги ублажат последиците. И тука не помагаат ниту еден камшик или метла. Ниту една алатка што можат да ја измислат во владината пиар-служба

Долгогодишната практика на спроведувањето предвремени парламентарни избори, проследена со зачестените реконструкции на Владата и со министерските рокади, како да продолжува да се зацврстува, барем во реториката на актуелната власт. Според веќе видено сценарио, опозицијата, сосема оправдано, ги користи сите расположливи средства прашањето за предвремени избори постојано да го држи отворено, власта тактизира со одговорот, а премиерот, во меѓувреме, колку заради пошироката јавност, толку веројатно и заради дисциплинирање на коалициските партнери и на држењето на партиската инфраструктура во состојбата на подготвеност, и самиот повремено гласно подразмислува за некакви реконструкции или барем за министерски и директорски смени, независно дали притоа го употребува камшикот или нешто помеката варијанта – метлата. И така државата постојано е во некакви циклуси: редовни избори – предвремени избори – реконструкција – чистка…

Практиката покажа дека ниту еден од овие циклуси не донесе нов квалитет во функционирањето на извршната власт, туку само ги охрабруваше владините функционери да се однесуваат како вршители на должноста наместо како одговорни раководители, а на политичката сцена упорно ја одржуваше состојбата на тензија и на исчекување можна криза во владината коалиција и на нови прегрупирања во парламентарните редови.

Дали тоа е бегање или барем обид за релативизирање на одговорноста? Дали купување на времето? Или едноставно немање стратегија или барем идеја каде понатаму да се чекори во ситуацијата кога меѓународната заедница, по решавањето на спорот за името со Грција, малку ги повлече своите инструктори? Дали, можеби, е повик за помош? Или уште еден обид за дефокусирање на јавноста од реалните проблеми? Особено сега, откога претседателските избори се завршени, откога папата ја „аминува“ државата и, што е најважно, во текот на постапката за полноправно зачленување во НАТО и во пресрет на најавениот датум за почетокот на преговори за членство во Европската Унија.

Константното отсуство на квалитетни персонални решенија што би можеле да го подобрат работењето на Владата ги скрши и последните илузии за способноста на актуелниот управувачки тим да ја извлече земјата од длабоката економска, социјална и духовна криза во која се наоѓа веќе предолго време. Востановениот начин на владеењето, едноставно, не го овозможува тоа. А во општеството како да не постои сила што ќе го оневозможи таквото владеење. И затоа, потребна е генерална реконструкција на умот. И тоа длабока

Многубројни се прашањата што ги наметнува практиката на постојаното одржување на Владата, или барем на еден нејзин дел, во некаква состојба на в.д., а на кои секој би можел да одговори соодветно на својата политичка позиција, па и, генерално, на позицијата во општеството. Но за никого повеќе не би требало да биде прифатлив одговорот оти тие што ќе дојдат ќе ги поправат грешките на нивните претходници. Не постојат такви личности или политички групации што би можеле да ги поправат грешките и да ги надоместат пропустите на своите претходници. Во најдобар случај, можат само да се обидат да ги ублажат последиците. И тука не помагаат ниту еден камшик или метла. Ниту една алатка што можат да ја измислат во владината пиар-служба.

Константното отсуство на квалитетни персонални решенија што би можеле да го подобрат работењето на Владата ги скрши и последните илузии за способноста на актуелниот управувачки тим да ја извлече земјата од длабоката економска, социјална и духовна криза во која се наоѓа веќе предолго време. Востановениот начин на владеењето, едноставно, не го овозможува тоа. А во општеството како да не постои сила што ќе го оневозможи таквото владеење. И затоа, потребна е генерална реконструкција на умот. И тоа длабока.

Тие што се на власт би требало конечно да сфатат оти не се тука само за владеење, туку и за одговорно управување со државата и сервисирање на граѓаните. Опозицијата никако не треба да се откажува од барањата за смена на власта, но паралелно со тоа мора да се консолидира и да преземе конструктивна наместо субверзивна улога, а граѓанскиот сектор, медиумите, експертската и пошироката јавност, наместо додворувачки, мора да настапуваат критички и кон едните и кон другите, независно од индивидуалните политички преференции и од моменталните лични или професионални интереси.

[email protected]