Корејската амбасада во Бугарија, во соработка со Корејската фондација и Кинотеката на Македонија, најавува промоција на корејската култура преку мини-ревија на три јужнокорејски филма. Свеченото отворање ќе се одржи утревечер, во 19 часот, во Кинотеката. Ревијата ќе започне со проекцијата на „Таксист“ (2017 г.) на режисерот Јанг Хун. Во продолжение истата вечер, од 21. 30 часот, ќе биде прикажан и „Кундо: доба на разбојници“ (2014 г.), во режија на Јун Џонг-бин.
Љубителите на јужнокорејските филмови в сабота, во 14 часот, ќе имаат можност да го погледнат и „Госпоѓица бабичка“ на Хванг Донг-хиук.