И вечерва во киното „Мис Стон“ во Прилеп ќе се одржува Ревијата на италијанскиот филм. Почетoкот е од 19 часот, со филмот „Дали некогаш си била на месечина“ па ќе следува „Индустријалец“.

Ревијата на италијански филм во центарот за култура „Марко Цепенков“ ја реализира гимназијата „Мирче Ацев“, во соработка со Амбасадата на Италија и Здружението на професори по италијански јазик во Македонија, а во рамките на Неделата на италијански јазик во светот.