Серхио Рамос може да се израмни со Франц Бекенбауер на една рекордерска листа за фудбалската Лига на шампионите. Германецот е единствен меѓу капитените со три титули по ред (со германски Баерн во 1974, 1975 и во 1976 година). Шпанецот беше капитен кога Реал Мадрид стана континентален првак во 2016 и во 2017 година, а треба да го предводи тимот и за финалето сезонава.