ПСВ Ајндховен е новиот фудбалски првак на Холандија, на три кола до крајот на сезонава, во која по 31 коло собра 80 бода, 10 повеќе од Ајакс, кого го совлада во дербито со убедливи 3-0. За ПСВ ова беше трета шампионска титула во последните четири сезони, вкупно 24-та во 104-годишната клупска историја, девет помалку од рекордните 33 на Ајакс, кој е без ниту еден трофеј четврта сезона по ред. Филип Коку ја освои третата шампионска титула како тренер, исто колку што има освоено и како фудбалер на ПСВ.