На универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕСРА-Скопје се одржаа две предавања од истакнати професори од универзитетот „Оксфорд“ во Англија.
Во големата аула, професорката Ана Јирвуд одржа предавање на тема „Методологија на истражувањето во уметноста“, а професорот Џонатан Брант го претстави култниот американски режисер Теренс Малик, со посебен акцент на неговиот филм „Деновите на небото“.
Овие предавања се организираат во рамките на програмата „Конекција Оксфорд“, во соработка со Балканскиот институт за вера и култура.