Романот „Одбројување“ на Фросина Пармаковска, добитничка на наградата „Роман на годината“ за 2017 година, ќе биде промовиран денеска во присуство на авторката, со почеток во 12.30 часот, во националната установа универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ во Битола.
Издавач на романот е „Или-или“, а книжевната награда „Роман на годината“, која од 1999 година ја доделуваше згаснатиот „Утрински весник“, годинава првпат ја додели фондацијата за промоција и унапредување на културните вредности „Славко Јаневски“.

„Одбројување“ е трет роман на Пармаковска, која дипломирала на Катедрата за општа и компаративна книжевност, а магистрирала на Културолошките студии при Институтот за македонска литература. Авторка е и на романите „Пишувајќи ги изгубените топки“ и „Вишнова хроника“.
За романот „Одбројување“ ќе говори поетот Ѓоко Здравевски, извадоци ќе чита Мери Каровска, а фондацијата „Славко Јаневски“ ќе ја претстави новинарот Ѕвездан Георгиевски.