Промоција на книгите „Стварно не знам каков наслов“ од Линдита Кадриу и „Мејлови“ од Арлинда Зимери и Линдита Кадриу ќе се одржи на 6 ноември во КИЦ, во 19.19 часот.

Линдита Кадриу има објавено две авторски книги и две коавторски. Книгата „Стварно не знам каков наслов“ е составена од раскази и есеи, поделена на поглавја за иконичните фигури на детството во Тетово, работата како новинарка и предавачка на факултет, пријателите, соништата. Арлинда Зимери е психоаналитичарка и писателка. Ова е нејзина прва објава.

– Во забревтано време, кога речиси сите брзаат некаде, две пријателки си пишуваат долги или пократки писма на разни теми: љубов, другарство, театар, поезија, стара чаршија и малите лични чинови, единствените што нѐ менуваат нас и нашата средина, колку-толку – се вели во најавата за книгите.

За книгите ќе зборуваат авторките, а извадоци од книгата ќе чита Салајдин Салиху.