Промоција на книгата „Ноќта“ од Ели Визел, во издание на „Арс либрис“, ќе се одржи денеска во 13.30 часот во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија. Станува збор за книга што најавтентично го опишува холокаустот низ очите на авторот, кој како 15-годишно момче го преживеал холокаустот во „Аушвиц“. Промотор ќе биде Тодор Чепреганов.

Ели Визел (1928 – 2016) е писател, професор, активист и добитник на Нобелова награда. Роден во Романија, Визел почнал со студии по религија, но наскоро тој и неговото семејство се протерани во нацистички камп. Визел преживува и ги пишува своите познати мемоари „Ноќта“.