На Саемот на книгата, кој е во тек во Скопје и се одржува во ВИП-арената „Борис Трајковски“, денеска, со почеток во 12.30 часот, ќе биде промовирана книгата за истакнатиот македонски шахист, интернационалниот мајстор (ИМ) Димитар Илиевски, насловена „Димитар Илиевски, легенда на македонскиот шах“, чии автори се Ненад Батковски, Димитар Илиевски и Љубомир Хаџи-Манев.
Промотор на книгата ќе биде истакнатиот македонски ФИДЕ-мајстор и професор на Градежниот факултет, Љубомир Танчев.