Акцијата за селектирање пластика во населбата Лисиче продолжува да се спроведува. Според соопштението на општината Аеродром, граѓаните позитивно ја прифатиле оваа иницијатива и за неколку дена веќе околу 50 семејства потпишале договори за соработка.
Планирано е акцијата да вклучи околу 400 домаќинства во Лисиче, кои ќе ја селектираат својата пластика и на неформалните собирачи на отпад во одреден ден од неделата ќе им оставаат по 2 ќеси полни со пластични шишиња и отпадни материјали од пластика.

Целта на акцијата е да се намали бројот на отпадни депонии во ова населено место, да се намали загадувањето на воздухот, да се заштити животната средина, но и да се подобри социоекономската инклузија на неформалните собирачи на отпадот во општината.
Акцијата на општината Аеродром се одвива во соработка со Ромскиот информативен бизнис-центар, еколошкото здружение „Гоу грин“, а поддржана е и од страна на градот Скопје.