Вториот лауреат на 40-то јубилејно издание на интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“, Јоргос Арванитис, пристигна во Битола. Тој е еден од најважните европски кинематографери на сите времиња, чија работа ги обликувала филмските визии на генерации синеасти од целиот свет.

Арванитис вчера одржа мастер-класа отворена за публика, а наградата ќе му биде доделена на затворањето на фестивалот „Браќа Манаки“ утревечер.