Изложба на принтови од Ерос Иштван од Унгарија ќе биде отворена вечерва, во 20 часот, во Културно-информативниот центар. Ерос Иштван завршил на Академијата за ликовни уметности во Виена, Австрија, и на Кралската академија за уметност во Хаг, Холандија. Дипломирал на Унгарскиот универзитет за ликовни уметности во Будимпешта, Унгарија, а бил и на мастер-програма на истата академија.

Има постдипломски студии на Универзитетот за ликовни уметности во Марсеј, Франција. Од 2016 година е назначен за универзитетски професор.
Добитник е на повеќе награди, а стипендист е на Комитетот за култура на Будимпешта, Унгарија.