Во Хрватска продолжува јавниот притисок за оставка на премиерот Андреј Пленковиќ, по обелоденувањето на содржината од мејловите меѓу поранешната министерка за економија околу ангажирањето консултанти за изработка на специјалниот закон за „Акрокор“. Вчера тоа од собраниската говорница го направи и пратеникот на партијата Да ја промениме Хрватска, Иван Ловриновиќ, кој побара да се распушти актуелната влада и да се распишат предвремени избори.

– Тие ми рекоа дека нема доволно време и дека состојбата со „Агрокор“ мора да се реши брзо, а потоа го смислија лекс Агрокор, кој ѝ одговараше само на една група. Тоа покажува дека премиерот бил наместен и сега бара парите за консултантите да се вратат за тој и ХДЗ да не трпат политичка штета. Ако тој е наместен како тогаш ќе се справи со професионалците од Европската Унија и од светот – изјави Ловриновиќ.
По повод аферата наречена „Хотмејл“ вчера се обрати и претседателката на Хрватска Колинда Грабар-Китаровиќ и отворено проговори за скандалот поради кој министерката Мартина Делиќ поднесе оставка.

– Пред една недела побарав состанок со премиерот. Чекам потврда за терминот за да разговараме за целата состојба. В понеделник ќе предложам седница на националниот совет, затоа што постои потреба за тоа. Не очекува спогодба со доверителите на „Агрокор“, која мора да се реализира, но може да дојде до компликации и дестабилизирање на националната економија. Второ, зошто некој комуницирал преку приватни мејлови – изјави Колинда Грабар-Китаровиќ.
Таа одби да говори за одговорноста на премиерот затоа што сѐ уште не остварила средба со него поврзана со целиот скандал.
Поверенството за судир на интереси вчера одлучи да отвори постапка против Мартина Далиќ, затоа што има сомневање дека се работи за можна повреда на Законот за спречување интереси, со предлагањето на повереникот на Владата во компанијата „Агрокор“.