Филмот „Заробљено време“ ќе биде премиерно прикажан во киното „Фросина“ во МКЦ, на 11 април (среда), во 20 часот. Тоа е филм за југословенскиот рокенрол, во режија на Милан Никодијевиќ, снимен низ целата поранешна држава, во кој најголемиот регионален музички новинар – Петар Пеца Поповиќ ја испишува својата неформална биографија. Горан Бреговиќ, „ЈУ-група“, „Смак“, „Индекси“, Корнелија Коваќ, Влатко Стефановски, Бајага, Калиопи, Велибор Џаровска-Џаро… се во главните улоги.

Филмот во Скопје пристигнува по успехот во Белград, Загреб, Нови Сад… Проекцијата е дел од проектот „Денови на српската култура во Македонија“, во организација на културно-информативен центар „Спона“. На премиерата, на која ќе може да присуствуваат сите вљубеници во филмот и во музиката (влезниците се симболични 100 денари), ќе се претстави и тимот што го реализира овој феноменален документарец, предводен од Пеца Поповиќ и Милан Никодијевиќ.