Редефинирање на автомобилот од соништата

Ако парите не се проблем тогаш каков вид атомобил би купиле? Многу луѓе би се одлучиле за врвен спортски автомобил или, пак, за спортски автомобил со високи перформанси како што е „ла ферари“. Други би се одлучиле за малку попрактично и луксузно возило, кое нуди разни способности како што е „Тесла“ моделот „С П100Д“.

Но без разлика на финансиската ситуација, кога станува збор за автомобил од соништата сите во суштина приоѓаме на ист начин, некаде во светот има автомобил што го сакаме повеќе од сите други. За најбогатите луѓе во светот оваа игра има сосема различен сет правила. Ако тие имаат доволно пари да купат остров, постојано да летаат со авиони, да носат одлуки во последна минута, а ги чинат богатство, тогаш очигледно може и да му платат на „Ролс Ројс“ да дизајнира автомобил за нив.

Тоа е приказната што компанијата ја раскажува за новиот купе „свиптејл“, кој беше претставен во 2017 година на настанот „Конкордо де елеганца вила десте“ во Италија. Според соопштението издадено од компанијата за медиумите, многу богат човек што себеси се смета за познавач и колекционер на препознатливи предмети како суперјахти и приватни авиони ги прашал во „Ролс Ројс“ во 2013 година дали ќе бидат љубезни да создадат автомобил за него. По четири години подоцна и по пријавени 13 милиони долари за негова изградба, се проценува дека овој автомобил е навидум најскапиот автомобил што некогаш бил купен.

„Свиптејл“ е именуван по заострениот заден дел од серијата автомобили „фантом“ на компанијата, кои станале познати во почетокот на 20 век. Всушност, многу од елементите за дизајн биле извлечени од серијата на иконските купеа на минатите серии „фантом“ од „Ролс Ројс“. „Свиптејл“ позајмува од изгледот на тркалезната врата од „фантом 1“ од 1925 година, силуетата на „фантом 2 стримлине салун“ од 1934 година и впечатливите дизајни на задниот дел од автомобили како што е двовратниот „гурни нутинг фантом 2 лајт салун“ од 1934.

Се разбира автомобилот има доста дизајни и од дваесет и првиот век. Панорамскиот покрив, кој е направен од стакло, го прави сличен на моделот „тесла X“ и изгледа како подвижен покрив. Практично ништо не го блокира видниот поглед на овој таинствен купувач, кога би сакал да помине низ градот.
– Убаво е да се биде на место низ кое се гледа како светот се лизга низ покривот, одвоен од надворешниот свет. Со чувство на луксуз и чувството дека сме дел од пејзажот што го одминуваме – велат од „Ролс Ројс“.

Внатрешноста е наредена со големи количества полиран макасар абонос и дрво палдао со отворени пори, бидејќи скромните количества од овие материјали очигледно не се доволни за овој автомобил. Аналогниот часовник на командната табла користи машински титаниум. Централната конзола крие ладилник за шампањ и две кристални чаши. Наместо скриен чадор, како во серијата „давн“, страничните ѕидови на автомобилот прикриваат пар спојници со карбонски влакна, кои се специјално дизајнирани за да се вклопат во лаптопот на купувачот и тие претставуваат совпаѓачки сет со багажниот дел. Во состав на возилото дизајнерите дури имаат изработено специјална полица за шапката на клиентот.

Затоа, доколку имате пари, следниот пат кога ќе го замислите вашиот автомобил од соништата, одете чекор понатаму. Изминативе 2 години со сите технолошки напредоци можеме да кажеме дека скоро сѐ е можно, особено „ролс ројс“ со стаклен покрив и вграден ладилник за шампањ.