Денес напладне, во киносалата на Музејот на Македонија, џез-музичарот Тони Китановски ќе одржи предавање во рамките на поставената изложба „Духовите на Африка“. Предавањето насловено „Африканските корени на џезот: влијанијата на африканските ритми и мелодии врз северноамериканската, јужноамериканската и балканската музика“ ќе се концентрира на значењето на музиката во Африка врз развојот на современата музика и разните музички форми актуелни во 20 и 21 век.

Наедно, предавањето ќе се темели и врз истражувањата и личните искуства на Китановски со африканската музика и нејзиното влијание врз неговите композиции со повеќето состави со кои твори во последните 30 години.

По предавањето ќе следува водење низ изложбата „Духовите на Африка“.