Денеска и утре, во рамките на „Синедејс“, во МКЦ предавања ќе одржат Коби Жели и Бригита Мантеј. Денеска, во 13 часот, Шели ќе одржи предавање на тема „Дигитална дистрибуција“, кое ќе ги открие тајните на рекламирањето на филмскиот продукт и привлекувањето публика. Утре, во 13 часот, Бригита Мантеј ќе одржи предавање на тема „Како да реализирате филмски проект?“.

Во време кога пазарот на филмската индустрија е ориентиран кон нови идеи и постојано е во потрага по следната извонредна приказна и проект, од огромна важност е да се знае вистинската насока во која треба да се тргне и процедурите што треба да се поминат за една добра идеја успешно да заврши на пазарот.

Со помош на ова предавање, продуценти, филмаџии, режисери и сценаристи ќе бидат во можност да добијат концизен увид во потребните презентациски вештини за презентација на замислен проект на индивидуален состанок, презентација на сцена или преку писмена апликација.