По одложувањето и доцнењето на еден од најочекуваните и најдобри производители на дигитални камери „РЕД Хидроген“, тие го претставија својот прв телефон „хидроген оне“. Компанијата за снимање РЕД прво почна да го прикажува паметениот телефон „хидроген оне“ во 2017 година, а оттогаш компанијата полека покажуваше повеќе детали за уредот.

Првично беше закажано уредот да биде пуштен во август, но по неколку пречки при неговото пуштање во продукција, конечно стана достапен.

Паметниот „хидроген оне“ има холографски дисплеј од 5,7 инчи и управува со мобилниот оперативен систем на „Андроид“. Според соопштението на РЕД, со екранот со дисплеј „4-вју“ телефонот може едноставно да се префрли помеѓу традиционалните 2Д-содржини и холографските 3Д-содржини, без видливо површинско губење на осветленоста на екранот. Дисплејот „4-вју“ може да намести 16 различни слики во исто време, додека алгоритамот создава ефект на 3Д-изглед. Телефонот поддржува таканаречен „хидроген 4-вју контент“, што претставува тип датотека што содржината ќе ја зачувува преку ред-каналот. Овој процес им овозможува на корисниците да ги проследат холографските игри и филмови во реално време. „РЕД хидроген оне“ ќе биде достапен онлајн и во продавниците „АТ и Т“ и „Верзион“. Исто така може да се купи директно од продавниците на РЕД. Неговата цена, доколку се купува преку РЕД, изнесува 1.195 долари за алуминиумскиот модел и 1.595 долари за титанскиот модел верзија. А преку „АТ и Т“ и „Верзион“, телефонот стигнува до сума од 1.295 долари или 43.17 долари месечно ако се исплаќа на 30 месечни рати.

Телефонот е модуларен. Со оглед на тоа што станува збор за компанија што произведува камери, голем дел од додатоците ќе се однесува на фотографирањето. Првиот модуларен додаток на телефонот што се најавува е 8К-камерата. Целата идеја на овој додаток е телефонот да може да функционира како сериозна филмска камера.

Камерата сѐ уште не е именувана, но таа ќе снима со 8K-технологија преку два синхронизирани 4K-објектива. Цената за камерата сѐ уште не е објавена и исто така не се знае кога ќе се појави на пазарот. Иако за овој телефон пред неговото пуштање се создаде голема фама кај потенцијалните корисници, а откако се појави, наиде на големи критики. По прегледите од корисниците, најверојатно најголемото разочарување претставува холографот. За жал, очекувањата за него не излегоа како што се предвидуваше. Уредот доаѓа со специфичен екран, на кој при прикажувањето содржините личат на детски анимации. Принципот на прикажување на повеќе слики одеднаш со завртување на екранот, за жал, им се смачи на корисниците. Другите жалби на корисниците се дека телефонот има заматен екран, превисока цена и лански хардвер. Бидејќи станува збор за производител на камери, јасна е причината за неискуството во производството на телефони. Можеби првиот чекор за создавање телефон со нова технологија е преголем залак за РЕД.