По една четвртина од првенството во Првата фудбалска лига, Вардар е прв со седум бода повеќе од најблиските конкуренти. Во деветтото коло Вардар ја победи Академија Пандев, а Шкендија ремизира дома со Ренова, по што Вардар има 23 бода, а Шкендија и Академија Пандев по 16. Од тимовите на второто и на третото место, кои носат пласман во европските купови, разликата до најблиските конкуренти е пет бода, оти Ренова, Победа и Работнички имаат по 11, а потоа се Македонија ЃП и Беласица со по 10.