Нова епизода од легендарниот анимиран филм „Професорот Балтазар“ премиерно беше прикажана неодамна во Загреб. Серијата има наслов „Августовска трета среќа“. Продолжението е снимено по 52 години од првата оригинална епизода.

На новиот седумминутен анимиран филм работеа Борис Колар, еден од оригиналните автори на „стариот“ Балтазар, сценаристот Дино Крпан, главниот аниматор Синиша Матаиќ, композиторот Вјеран Шаламон и Крешимир Миќиќ како наратор.

Зад продолжението на професорот Балтазар стои продуцентската куќа „Ултралинк“, а филмот е кофинансиран со средства од Хрватскиот аудивизуелен центар.

Серијалот за Балтазар е снимана од 1967 до 1978 година, со вкупно 59 епизоди, поделен во четири сезони. Цртаниот говори за симпатичниот професор Балтазар, кој ги решава проблемите на своите сограѓани со своите иновации.

Серијата имаше голема популарност меѓу граѓаните на некогашна Југославија.