Седумдесет и првото издание на Канскиот фестивал почнува на 9 мај и ќе трае до 19 мај. Оваа година за „златната палма“ ќе се натпреваруваат најновите остварувања на режисери како Спајк Ли, Павел Павликовски, Давид Роберт Мичел и Жан-Лик Годар, чиј најнов филм „Книга со слики“ ќе ја доживее светската премиера на фестивалот. Исто така светска премиера во Кан, надвор од официјалната конкуренција, ќе има и „Соло – приказна од Војна на ѕвездите“, во режија на Рон Хауард.

Двајца од режисерите чии филмови се во официјална конкуренција, на Иранецот Џафар Панахи и на Украинецот Кирил Сребреников, се во домашен притвор во своите земји.
Актерката Кејт Бланшет е претседателката на жирито што ќе одлучува за наградите.