Последниве 10 сезони во Формула 1 доминираат возачите од Германија и од Велика Британија, со по пет титули. Од тие 10, актуелниот првак, Британецот Луис Хамилтон освои четири, колку што има и Германецот Себастијан Фетел. Во овој 10-годишен период по една титула освоија Британецот Џенсон Батон и Германецот Нико Розберг.
Последен пат кога во Формула 1 победил некој возач од друга земја беше во 2007 година, кога најбрз беше Финецот Кими Раиконен. Од нив, сезонава нема да се тркаат Батон, кој возеше до лани, и Розберг, кој се пензионира веднаш по освоената титула во 2016 година.