Претседателскиот кандидат Роберт Ф. Кенеди пред половина веќе беше застрелан и фатално ранет во хотелот „Амбасадор“ во Лос Анџелес, само неколку часа по победата на партиските избори во 1968 година во Калифорнија, за претседателската кандидатура. Педесет години подоцна, внукот на Роберт, Џо Кенеди Трети, е ѕвезда во подем во Демократската партија.

Триесет и седумгодишниот политичар, кој во моментов го служи третиот мандат како конгресмен од Масачусетс, се прослави во јавноста со својот говор, со кој го поби претседателското обраќање на Трамп пред нацијата во јануари.
Кенедиеви беа едно од најпознатите семејства во американската политика во 20 век. Џозеф Кенеди беше американски амбасадор во Британија, во мандатот на претседателот Френклин Рузвелт. Неговиот син Џон Ф. Кенеди беше претседател во периодот 1961-1963, а другите негови синови Роберт и Едвард станаа сенатори.


Најмалку 25 лица загинаа во голема ерупција на вулкан во Гватемала

Најмалку 25 лица загинале и над 300 се повредени при масовната ерупција на вулканот Фуего во Гватемала, пренесуваат светските медиуми.
– Вулканот продолжува да еруптира и постои голема веројатност од лавини од остатоци од лава – предупреди директорот на Цивилната заштита Еди Санчес.
Фуего, кој е еден од најактивните вулкани во Централна Америка, завчера исфрлил стопени карпи, црн чад и пепел по што бил затворен аеродромот „Аурора“ во главниот град Гватемала и биле евакуирани некои од жителите на градот.
– Неколку часа подоцна, вулканот почна да исфрла лава со температура до 700 степени Целзиусови – соопшти Гватемалскиот институт за сеизмологија и вулканологија.
Активниот вулкан е на 25 километри југозападно од главниот град Гватемала и висок е 3.763 метри. Службите за спасување и Цивилната заштита евакуирале над 3.100 лица од околината на вулканот Фуего.