Ве мачат плускавци на нозете или ви снемало пена за бричење а итно треба да ги избричете пазувите? Не грижете се, за сѐ постои замена и решение во вашиот дом. Во продолжение на текстот ќе ви понудиме дел од препаратите што можат да ви излезат во пресрет во одредена ситуација.

Со оглед на тоа што руменилата за усни се доста пигментирани и влажни, можете да ги користите како идеална замена за сенка за очи. Пожелно е претходно да ги комбинирате со хидратантен крем за да ја омекнете кожата на очните капаци или, пак, доколку имате руменило со поинтензивна боја, можете да го осветлите со мешање со течна пудра.

Сенката за очи е одлично решение за прикривање на белите влакна на косата во моменти кога нема да стигнете да одите на фризер а имате потреба од совршена коса. Сѐ што треба да направите е да ја изберете соодветната боја на сенка на бојата на вашата коса и со помош на апликатор да ја нанесете на израснатите делови. Ова решение ќе ви трае во текот на целиот ден, а притоа нема потреба од фиксирање со лак за коса. Но никако немојте да заспиете на бела или светла перница доколку претходно не ја отстраните сенката.

За спас од плускавци користете дезодоранс. Плускавците сакаат влажни и водени предели. Тие најчесто се појавуваат налето, кога имаме позачестено потење на нозете. Дезодорансот нема да го спречи само потењето под пазувите, тој ќе ви помогне воопшто да не се појават плускавци на вашите нозе. Единствено што треба да направите е да ги испрскате нозете со дезодоранс.

Регенераторот за коса е одлична замена за пената за бричење. Тој ќе ги омекне влакната на нозете и под пазувите и ќе ви овозможи едноставно и лесно бричење, без иритација на кожата.

Немојте да ја фрлате старата и исушена маскара. Таа може да ви послужи како одличен чешел за вашите веѓи. Треба само добро да ја измиете четката од маскарата и можете да ја користите за уредување на веѓите.

Сенката за очи е одлично решение за прикривање на белите влакна на косата во моменти кога нема да стигнете да одите на фризер а имате потреба од совршена коса. Сѐ што треба да направите е да ја изберете соодветната боја на сенка на бојата на вашата коса и со помош на апликатор да ја нанесете на израснатите делови. Ова решение ќе ви трае во текот на целиот ден, а притоа нема потреба од фиксирање со лак за коса. Но никако немојте да заспиете на бела или светла перница доколку претходно не ја отстраните сенката.

Со помош на сенка за очи можете да си направите и совршен маникир. На ноктите нанесете основен безбоен лак, а врз него ставете ја посакуваната нијанса на боја од сенките за очи (пред да се исуши лакот). Потоа врз сенката ставете уште еден слој од безбојниот лак и ќе добиете совршен сјаен ефект на маникирот.

Со помош на лак за коса можете да ја фиксирате шминката на вашето лице. Овој трик често се користи на филмските сетови и дава ефект на свеж изглед. Испрскајте лак за коса преку шминката, но притоа внимавајте на очите и на устата. Меѓутоа овој метод немојте да го употребувате многу често, бидејќи може да ја исуши вашата кожа.