Плата и половина е потребно за жител на Софија да купи еден квадратен метар од стан во главниот град, покажуваат пресметките на „Труд“ врз база на статистичките податоци за платите и информациите на брокери за цените на недвижните имоти. Просечната плата во Софија во четвртиот квартал од минатата година е 1.476 евра. Истовремено, становите се продаваат во просек за 1.095 евра за квадрат.

Во 4-то тримесечје на 2017 година, почна порастот на цените на недвижностите во Софија и просечната цена на становите достигна до 1.095 евра за квадратен метар наспроти 1.060 евра за квадратен метар во двата претходни квартали. Ова поскапување на имотите го надминува порастот на платите во Софија, кои на годишно ниво пораснале за 10,48 отсто. Во Софија лани најмногу се купувале станови со две соби, кои учествуваат со 60 отсто од вкупниот промет на пазарот на недвижности. Просечната површина на купените станови во главниот град е 86,5 квадратни метри.