Од вчера почна исплатата на пензиите и велигденските додатоци во износ од 40 лева (20 евра), кои беа одобрени од бугарската влада. Исплатата на велигденските пензии ќе се врши преку пошта според одреден распоред, за кој се запознаени сите пензионери. Парите што пензионерите ги подигнуваат од банкомати можат да бидат ефективни уште денеска. Право на велигденски додатоци имаат сите, чија пензија или збирот на пензиите заедно со додатоците и надоместокот кон нив е во износ од 321 лева. Во оваа категорија влегуваат еден милион и 200 илјади пензионери.