За оставање се смета навиката на ловецот да го остави кучето на некое место, од кое тоа го гледа или не го гледа ловџијата, а оттаму да не си оди без команда од ловџијата, без разлика дали тоа го видело дивечот или не или дали ловџијата пукал или не

За оставање се смета навиката на ловецот да го остави кучето на некое место, од кое тоа го гледа или не го гледа ловџијата, а оттаму да не си оди без команда на ловџијата, без разлика дали тоа го видело дивечот или не или дали ловџијата пукал или не. Оставањето може да трае и со часови, а колку е тоа значајно, добро му е познато на секој ловџија, без разлика дали лови ситeн или крупeн дивeч.

Ловџијата е во ловиштето и може да забележи како во блиското мочуриште слетуваат патки. Ако ловџијата му нареди на кучето да легне и да чека, тоа треба и да го стори.

Ако кучето е непослушно, а во исто време го видело слетувањето на патките, тоа ќе тргне накај нив со брзо трчање, а со тоа ќе пропадне можноста ловецот да погоди некоја патка. Ако ловџијата не го научил на оставање кучето, тоа секогаш ќе го прави истото тоа, без разлика дали било тепано или не.

Доколку ловџиското куче е научено да легне и да чека, тогаш главната работа е завршена. За подолго чекање, некои ловџии мислат дека е добро во близината на кучето да се остави некој предмет, оти токму тој предмет дава голема сигурност дека ловџијата ќе се врати кај кучето, кое, пак, во некоја рака и го чува тој предмет. Подоцна, кога кучето е целосно сигурно, а ловџијата веќе пукал на патките, кучето му е итно потребно за ранетата патка да ја фати, но, не смее веднаш по истрелот да го повика кон себе.

Кога ќе го направи тоа неколкупати, кучето секогаш на истрелот ќе дотрча кон ловџијата што, пак, не е пожелно. Во ловот треба да се упатуваат што помалку команди со зборови, оти тие ги намалуваат изгледите за успех. Воопшто, треба секогаш да се настојува ловџијата да дојде сам по кучето и да го подигне, а не да го повика кај себе. На тој начин тоа стекнува уверување дека секогаш ловџијата ќе дојде по него и затоа ќе биде мирно на своето место.

Како одредена вежба што може да се направи, е таа кога ловџијата глуми гонител и гласно го брка дивечот, додека неговиот помошник стои на одредена чистина, а кучето е блиску до него. На вратот му стои поводник, на кој му е прицврстен подебел конец.

Помошникот незабележливо го спушта конецот на земја и цврсто застанува на него. Кога гонителот ќе се огласи или ќе тропа по стеблата, помошникот ќе почне да пука.

Ако кучето се подигне, помошникот веднаш ќе дојде кај него, ќе го растресе за поводникот и ќе го стави на истото место и во истата положба каде што било порано.

Командите кажани со зборови, а посебно оние со кои силно се вика, никако не треба да се применуваат, оти на тоа ќе се навикне кучето, а каков резултат во ловот има ловџијата кога силно ќе се дере, на сите им е добро познато. Тогаш некои кучиња ќе почнат да цимолат или да лаат и тогаш задолжително треба да бидат укорени од ловџијата.


Мамки и прибор за лов на црвеноперка

Обично се користи конец од 0,20 мм ставен на рибарски стап од три до четири метри со стационарна ролна, а одговара јадица со големина од 14 мм и помала

Во риболовот на црвеноперка се оди со пливка. Најдобри мамки се оние што бавно тонат или што остануваат на површината на водата. Меѓу другите такви мамки се лебот и црвот, иако понекогаш таа може да се улови и со вештачка мушичка. По фрлањето на конецот, пливката на површината на водата мора брзо да се исправи, оти често се случува рибата да успее да ја зграпчи мамката уште кога таа е во фаза на тонење. Покрај ова мора што почесто пливката да се фрла далеку, но и прецизно, за да се има успех во изолирањето на јатото од работ на водното поле што е обраснато со висока трска.
Кога се користи провидна водна топка, тогаш се препорачува таа да биде со помали димензии, оти поголемите топки произведуваат силно бранување при допирот со површината на водата, а особено ако се фрлаат на поголеми далечини. Невнимателното фрлање на храната може да го исплаши јатото црвеноперки и тие да побегнат од радиусот на рибарот иако овие риби помалку се плашат и без некое правило ја прифаќаат мамката што се наоѓа на поголема јадица.
Обично се користи конец од 0,20 мм ставен на рибарски стап од три до четири метри со стационарна ролна, а одговара јадица со големина од 14 мм и помала, во зависност од видот на мамката. Парчињата на препечен или стар леб, волшебно ја привлекуваат црвеноперката, а понекогаш дури и кога ветерот дува во правец од брегот кон отворената линија. Топчињата со храна што се фрлаат на дното треба да содржат делови, кои по растопувањето на топчињата ќе се кренат на површината на водата.
Проверен, класичен начин привлекување на рибите, претставува фиксирање на дното на парчињата со стар леб. Црвеноперките во вистинска смисла на зборот се упорни и цврсти борбени риби, па поради тоа закачената риба треба што побрзо да се одвои од јатото, за другите риби да не се вознемират и да не побегнат. Рибите капиталци најчесто се наоѓаат во средина на јатото или под него.