Во име на истакнување на важноста од консумирање чиста вода за здравјето, растот и развојот на децата, градоначалникот на Гази Баба го почна поставувањето филтри за вода во основните училишта и градинките во населбата.

– Општината Гази Баба има издвоено 600.000 денари за поставување филтри за прочистување вода во основните училишта „Дане Крапчев“, „Крум Тошев“ и „25 Мај“ и објектите на градинките „Сонце“, „Темјанушка“ и „Пони“ – рече Борче Георгиевски, градоначалникот на Гази Баба.

Тој објасни дека здравјето на дечињата е најважно и оттаму и одлуката овие филтри да бидат поставени пред сѐ заради безбедноста на учениците. Општината Гази Баба во рамките на своите можности и следната година ќе го продолжи овој проект, најави Георгиевски.    Х.Ј.