Учениците од ООУ „Братство“ добија нова училница за следење настава. Просторијата е добиена со преградување простор од наставничка канцеларија. Таа е и соодветно ентериерно опремена. Од Карпош велат дека со новоадаптираната училница, училиштето го зголеми својот капацитет за запишување ученици.

– Општината Карпош како локална самоуправа, меѓу приоритетите има подобрување на условите за одвивање на образовниот процес и за таа цел во континуитет ги реновира предучилишните и училишните објекти што се наоѓаат на нејзината територија и постојано вложува како во воспитно-образовниот, така и во наставно-образовниот процес – информираат општинските власти.