Британски суд вчера го осуди основачот на Викиликс, Џулијан Асанж, на 50 недели затвор, поради прекршување на условната казна од пред речиси седум години, кога се засолни во еквадорската амбасада во Лондон од страв дека ќе биде екстрадиран во САД.

Додека беше спроведуван кон ќелиите, Асанж (47) ја крена тупаницата кон поддржувачите во јавната галерија зад него, а тие му отпоздравија со иста мера и извикаа кон судот: „Срам да ви е“, јави Би-би-си.

Асанж се соочува со нова истрага за силување во Шведска, како и со можни обвиненија за шпионажа и за објавување тајни податоци во САД, а Британија допрва треба да одлучи дали да го екстрадира во некоја од овие земји.

Викиликс објави илјадници доверливи документи за различни области, од национална безбедност до филмска индустрија.