Техно

Паметните телефони „онор 50“ беа претставени во јуни и беа потребни четири месеци за ванила-верзијата да излезе од домашниот пазар. Компанијата, сепак, нема време за губење и веќе го подготвува нивниот наследник „онор 60“.
Серијата „онор 60“ ќе ја видиме на први декември, а компанијата ќе претстави три верзии на новиот паметен телефон. Новиот објавен тизер ја продолжува космичката тема што ја имаа претходните телефони и е поврзан со режимот на астрофотографскиот модел на камера на овој уред.
Се очекуваат три верзии, стандардна „онор 60“, „онор 60 про“ и „онор 60 СЕ“. Промоделот ќе работи со процесорот Снепдрагон 870 на „Квалком“ и ќе се напојува од батерија од 4.500 милиампер-часа, која поддржува полнење до 100 вати (можеби и побрзо). Батеријата на основниот модел ќе поддржува полнење од 66 вати. Кога станува збор за дизајнот, модулот на камерата сепак ќе го сочинуваат два круга, а други детали сè уште не се објавени.