Патарината по граничниот премин Богородица – Евзони ќе поскапи од 1,8 евро на 3 евра во согласност со новиот ценовник, кој стапува во сила од 1 јануари, објави „Ефимерида“.

Поскапувањето некаде ќе биде за 150 отсто на автопатот „Егнатија“, кој се протега од јонскиот брег до границата со Турција, според договорот на грчката влада со концесионерите. Станува збор за поскапување од околу 3 центи по километар.
На излезот кај Аспровалта ќе се плаќа 1,42 евро, а излезот за Кавала ќе се плаќаат 2,36 евра. На наплатната рампа Тириа, меѓу Игуменица и Јанина, наместо досегашните 2,10 евра, отсега ќе се плаќаат 3,42 евра.