Домување

Бришењето прашина никому не му претставува задоволство. Дали често помислувате дека понекогаш залудно работите – штом ќе ја избришете прашината, ете ја пак назад. Тоа нема да ви се случува во иднина, доколку внимавате на следните неколку работи…
Не користете „прашко“ – Ова помагало за чистење прашина повеќе прави штета отколку што користи, бидејќи само ја расфрла прашината наоколу од едно место на друго. Ако баш не можете без него, тогаш мијте го по секоја употреба.
Исчистете ги греалките и клима-уредот – На тие места се кријат огромни количества прав. Така што може да ви се случи вие да го исчистите домот од прашина и со едно вклучување на клима-уредот повторно да биде како пред чистењето. Затоа, пожелно е што почесто да се чистат филтрите.
Не бришете прашина „на суво“ – Како и со „прашкото“ и во овој случај ќе имате ист резултат. Затоа правот од мебелот и од другите површини бришете го со влажна крпа, за да се задржат правливите честички на неа.
Средствата за полирање не нанесувајте ги директно на мебелот – Ако ги нанесете директно, тогаш ризикувате да се формира слој, кој подоцна ќе привлекува повеќе прав. Наместо директно, средството ставете го на крпата, па со неа потоа полирајте.