Европската ракометна федерација (ЕХФ) објави дека сезонава е поставен нов рекорд од 550.000 следбеници на Лигата на шампионите преку каналите на социјалните медиуми, со што натпреварувањето е најгледано интернационално клупско натпреварување во тој спорт. Гледаноста пораснала и преку телевизиите, со најмногу земји досега, повеќе од 80, во кои се пренесуваат натпреварите со посредство на 42 ТВ-компании. Како најгледан меч ЕХФ го издвојува дуелот од 7-то коло помеѓу Пари сен Жермен и Веспрем, чиј пренос бил пренесуван од 22 ТВ-партнери, а во просек секој меч во групите бил преземан од 11 телевизии.