Промоција на новиот број од стрип-магазинот „Деветка“ ќе биде промовиран утревечер, во 20 часот, во „Кафе Ли“. И во овој број, покрај голем број домашни македонски стрип-автори, се застапени повеќе гости автори, од Србија, Турција, па и од Јапонија.

Тука ќе можете да се видат стриповите на Игор Јовчевски, Диме Иванов-Димано, Никола Темков, Дарко Богданов, Ивица Дукоски, Владодлак, Иван Вељковиќ, Влада Весовиќ, Јашар Фират, Јошимакс… Тука се и веќе стандардните текстуални рубрики, Министрип-курс, Стрип-рецензија, и Интервју, овој пат со стрип-авторот од Србија, Влада Весовиќ, кој наедно за овој број ја изработи и илустрацијата на насловната страница. Во овој број, како и во првиот, ќе има и галерија со илустрации.
На настанот ќе може да се купи примерок, а од јули тоа ќе може да се стори и на сите продажни места за весници и списанија низ цела Македонија.