Пред Нова година

Кутрето Златко за дарови
од Дедо Мраз се подготвува
Но, најпрво од навики некои
треба да се збогува –
Кога Дедо Мраз ќе се обиде
низ оџакот да влезе
да не го дочека со лаеж
и да не пријавува грабеж.

Трајче Кацаров


Снегулки

Снегулките кога паѓаат
многу ми се допаѓаат.
Лебдат на сите страни
како мали, бели падобрани.
Се држат цврсто за рака
и паѓаат од небо така.
Како снежен
покрив на земјата
се напластуваат.
Паѓаат од многу високо,
но не се повредуваат.

Димитар Алачки