Во изминатиот период беше направена уште една фитнес-зона во општината Карпош. Во населбата Карпош 1, во близината на основното училиште „Христијан Тодоровски-Карпош“, поставени се реквизити за физички активности и рекреација на граѓаните што живеат во околината.
Во овој дел од населбата беше целоснo реконструирано игралиштето „Сокол“, а беше направен и нов маaлски парк на улицата Иван Аговски.
Во меѓувреме, во завршна фаза се и активностите за целосно уредување на дворот на ООУ „Х.Т. Карпош“, кој добива ботаничка градина, повеќе зеленило и систем за наводнување.
– Локалната самоуправа континуирано вложува во изведба на спортски зони и маалски паркови по сите населби. Претходно, фитнес-зони се изведоа и во Карпош 4 (по должината на булеварот Партизански одреди), на кејот (под спортско-качувачката карпа), во Карпош 3 (во рамките на спортско-рекреативниот центар „Лазо Трповски“). Уредени маалски површини, пак, добија населбите: Карпош 2 (кај Драмскиот театар), Карпош 3 (во ООУ „Лазо Трповски“), Тафталиџе 2 (кај последна „24-ка“), Долно Нерези (кај воените кули), Карпош 4 (на аголот меѓу Љубљанска и Партизански одреди) – информираат општинските власти.