Времето лекува сѐ, така велат старите, но некои велат дека предавството не може да се излекува ни со најскапите и најсовремени лекови што се произведуваат во светот. Така што самите предавници, кои по извршеното дело го заслужуваат тој епитет, треба добро да размислат пред да го направат тоа дека од срам никаде не можат да се скријат. И другите држави имаат свои предавници. Ако се мисли дека епитетот ПРЕДАВНИК на прво место го носат Македонците, по мое мислење тоа не е точно. Тие по малку заостануваат зад некои нивни колеги бидејќи секој народ си има свои домашни предавници.

Нејсе, си имаме сопствени (во најново време) предавници, по мое мислење. Не значи дека за некои мојот став е исправен, но јас така сметам во ова време, на овој македонски простор, во оваа наша држава, во оваа светлосна година. Најсвежи и најголеми предавници, според мене, се некои носители на државни функции, кои се најекспонирани во уништувањето на Република Македонија и македонскиот народ и нација.

Лично сум згрозен од „гнасните“ зборови што јавно ги кажуваат за Македонците и македонската нација што така „писмени“ млади луѓе ја преценуваат и форсираат туѓата историја, а сопствената македонска историја ја фрлаат на буниште. Александар Македонски не е измислена личност од некоја бајка, тој не е измислен од Демостен, кој со денови мислел како да ги напише „Филипиките“, тој не е измислено страшило што ги победува Персија и цар Дариј.

Томе Секуловски, Скопје