Меган Маркл сѐ уште нема одлучено дали ќе носи круна на венчавката со принцот Хари, а доколку се одлучи да носи, ќе може да избира една од светски најзначајните колекции.
Кралицата Елизабета Втора, бабата на принцот Хари, има над сто круни и, како што е традицијата, ќе ѝ дозволи на Меган да позајми една од нив.

Во колекцијата на кралицата има круни со рубини, сафири и смарагди.
Одлуката на Меган Маркл, најверојатно, нема да се знае до свадбата на 19 мај, но повеќето лондонски граѓани се надеваат дека ќе носи круна.
Маркл, 36-годишна американска актерка, позната по својот современ изглед, сепак може да изненади и да се одлучи да не носи круна.