Владо Димовски

Еве една приказничка за петелот и за лисицата.
– Лиске, денеска касниш, кокошките легнаа и заспаа.
– Ау, петлето гаштаресто! Мислиш лисиците јадат само кокошки? Знаеш од кога не сум јадела супа од петел, а?
Овде доаѓа кучето Шарко, аме не да ја брка лисицата, туку да им каже нешто важно.
– Најкасно, касни, каснат кај нас се: најдоцна, доцни, доцнат…

Со арно, со убаво!


Чувајте го јазикот!

„Јазикот е нашата единствена татковина“, велеше познатиот македонски писател и лингвист Блаже Конески. Но сведоци сме дека токму тој македонски литературен јазик, ние во последниве години не го чуваме, не го негуваме и надградуваме.
Драги деца, за да растете и вие читајќи и зборувајќи на стандарден македонски литературен јазик, во „Колибри“ објавуваме рубрика „Зборуваме македонски“, чиј автор е Владо Димовски, голем пријател на децата и наш познат писател за најмладите и автор на многу детски радио и телевизиски емисии со кои растеа многу генерации, меѓу кои една од најпопуларните беше серијата „Умни глави“ што ја емитуваше Македонската телевизија.
Е па, и бидејќи и вие сте умни глави, се надеваме дека серијалот што го започнуваме, ќе ви помогне да го зборувате македонскиот јазик без грешки, а така и да пишувате!