Владо Димовски

Време е да почнеме да ја подгреваме предновогодишната манџа. Во семејството на Владе и Милица Димовски.
– Слушај ме внимателно, оваа Нова година не остануваме дома. Вртиме нова страница.
– Мажето мое можеби уплатило некаде, а?
– Заправо резервирав маса во твојот омилен хотел во Охрид.
– Не ми се верува! Дојди да те бакнам!
Толку од дијалогот.
Се фаќам за зборот „заправо“ и ви велам дека си имаме наш збор.
Кој?!… Имено.
Имено и јас резервирав маса во еден хотел во Охрид.
Со арно, со убаво!


Чувајте го јазикот!

„Јазикот е нашата единствена татковина“, велеше познатиот македонски писател и лингвист Блаже Конески. Но сведоци сме дека токму тој македонски литературен јазик, ние во последниве години не го чуваме, не го негуваме и надградуваме.
Драги деца, за да растете и вие читајќи и зборувајќи на стандарден македонски литературен јазик, во „Колибри“ објавуваме рубрика „Зборуваме македонски“, чиј автор е Владо Димовски, голем пријател на децата и наш познат писател за најмладите и автор на многу детски радио и телевизиски емисии со кои растеа многу генерации, меѓу кои една од најпопуларните беше серијата „Умни глави“ што ја емитуваше Македонската телевизија.
Е па, и бидејќи и вие сте умни глави, се надеваме дека серијалот што го започнуваме, ќе ви помогне да го зборувате македонскиот јазик без грешки, а така и да пишувате!