Филмот „Далечниот лаеж на кучињата“ на режисерот Сајмон Леренг Вилмонт ја доби главната награда „кромид“ за најдобар филм на деветтото издание на фестивалот на креативен документарен филм „Македокс“, кој заврши завчеравечер, со доделување на наградите за најдобрите филмови во пет категории. Специјално признание во главната програма добија филмовите „За татковците и синовите“ на Талал Дерки и „Мажи играчи“ на Матјаж Иванишин.

Филм со најдобри етички идеи на деветтото издание на „Македокс“ е „Рагу Раи, неврамен портрет“. Во категоријата нови автори наградата „млад кромид“ ја доби филмот „Фамилијата“. Наградата за најдобар краток документарец „сечкан кромид“ ја доби „Луѓето од Недојдија“ на Хеба Калед. Во оваа категорија специјално признание доби филмот „Вај-фај Плаза Куба“ на Адријан Келтерборн. Наградата „кокарче“ за најдобар студентски филм ја доби „Филм за Карлос“ на Ренато Борајо Серано.